Извонреден квалитет на сликите во комбинација со ненадмината слобода при снимањето кај α7 II, фотоапарат за целосна слика со стабилизација на слика со 5 оски.
α за целосна слика, со големина на дланка и стабилизација на слика со 5 оски
Стабилизација на слика со 5 оски: α7 II значително го зголемува опсегот на вашето изразување со компензација за пет видови на тресење на фотоапаратот при рачно фотографирање и снимање. Високоефикасната компензација во 4,5 чекори ви овозможува сигурен зум на далечните објекти, фотографирање слики одблиску, снимање ноќни сцени и многу повеќе - сето тоа со минимално заматување поради тресење на фотоапаратот..
Компатибилност со широк опсег на објективи со можност за монтирање: Новата стабилизација на слика со 5 оски ви нуди ненадмината слобода при рачното фотографирање со уште поголем број од вашите омилени објективи со можност за монтирање. Малото растојание до сензорот во α7 II со Е-приклучок нуди широка компатибилност со објективи..
Автоматска оптимизација за сите објективи за α: Користете ги вашите омилени објективи со E-приклучок и A-приклучок, знаејќи дека α7 II ќе ги анализира информациите од објективот за да ги оптимизира перформансите за прикажување и стабилизацијата на сликата со 5 оски за конкретниот објектив што сте го прикачиле. Кога користите објективи со E-приклучок со оптичка стабилизација (OSS), α7 II го нуди најдоброто од вградената стабилизација на објективите и фотоапаратот..
Брз хибриден автоматски фокус со високи перформанси: Новиот напреден систем за брз хибриден автоматски фокус нуди неверојатно брз одзив, предвидување со голема прецизност и опфаќање на широко поле за автоматско фокусирање и следење на кои можете да се потпрете. Тој е неверојатно брз за фотоапарат за целосна слика со автоматски фокус (30% побрз од α7) и прецизно го предвидува движењето на објектот за да можете постојано да го следите..
Континуирано фотографирање со 5 fps и AF/AE со прецизно следење: Кога вашиот објект се движи брзо, ќе можете да го снимите вистинскиот момент, а резултатите ќе бидат остри слики со добра експозиција преку континуирано фотографирање со брзина од 5fps со AF/AE. Значително подобрениот алгоритам прецизно го предвидува движењето на објектот за да можете постојано да го следите, дури и кога фотографирате континуирано..
Exmor® CMOS сензор за целосна слика од 35мм со 24,3 милиони точки: Сензорот за слика нуди прекрасни слики од едниот до другиот агол со неверојатна резолуција од 24,3 милиони точки. Уживајте во мал шум, неверојатно широк динамички опсег и исклучително богати и суптилни градации. Згора на тоа, со иновациите што може да ги постигне само Sony, деталите се репродуцираат реално, за секоја сцена да изгледа неверојатно реалистично..
Процесор BIONZ X™ за обработка на слика: BIONZ X реалистично ги репродуцира текстурите и деталите во реално време, исто како што ги гледа човечкото око, благодарение на можностите за обработка со извонредно голема брзина. Заедно со предната интеграција во голем размер која ја забрзува обработката, тој нуди поприродни детали, пореалистични слики, градација со побогати тонови и помал шум при фотографирање или снимање..
XAVC S формат со професионален квалитет: За неверојатно висок квалитет на сликата и минимален шум, снимајте видеоснимки во XAVC S формат со голема бит-стапка, кој е развиен врз основа на професионалниот XAVC 4K/HD формат. Тој овозможува снимање на Full HD (1920 x 1080) слики со 50Mbps (60p/50p, 30p/25p, 24p) и користи линеарен PCM звук за висококвалитетно снимање и репродукција на звукот..
Робустно куќиште од легура од магнезиум: Неверојатно компактното и лесно куќиште е квалитетно изработено за да ги издржи работните услови при снимање на отворено. Тоа е идеален спој на мала тежина, цврстина, сигурност и стабилно ракување, благодарение на горниот капак, предниот капак и внатрешната структура изработена од цврста магнезиумска легура..
Робустен приклучок за објектив: Јачината и цврстината на куќиштето и приклучокот за објектив се зголемени за да се создаде цврста основа за поставување големи и тешки објективи како извонреден телефото објектив и објективи претпочитани за снимање видеоснимки..
Подобрено држење и копче за бленда: Формата и висината на држачот се преработени за да овозможат побезбедно држење на фотоапаратот, дури и кога е прикачен голем објектив. Ова придонесува и за посигурно ракување со копчето за бленда и вртливите копчиња. Освен тоа, копчето за бленда е преобликувано и поместено нанапред за поприродно фотографирање со помалку тресење на фотоапаратот..
Изразување со целосна слика без зафаќање голем простор: α7 II нуди моќни можности за снимање во неверојатно компактни димензии. Можете да снимате видеоснимки со неверојатен квалитет на слика и звук, со извонредно заматување на заднината, исклучително јасни детали и чувствителност која им дава живописност на темните сцени. Функциите како што се профил на слики и режимите P/A/S/M, дополнително ги прошируваат вашите креативни можности..
XGA OLED Tru-Finder™ со голем контраст и висока резолуција: Визирот нуди импресивна видливост за интуитивно ракување без напор. Можете прецизно да следите што ќе се појави во вашите конечни слики бидејќи тој верно ги прикажува ефектите од разните поставувања на фотоапаратот. Згора на тоа, напредниот оптички систем со 3 леќи нуди богата градација на тоновите и неверојатно висок контраст..
Стабилна слика на визирот: При притиснување на копчето за бленда до половина или зголемување на сликата, следете ги стабилизирачките ефекти на компензацијата за тресењето на фотоапаратот низ визирот или на LCD екранот, како и кога снимате видеоснимки со влегување во режимот за видео. Дури и кога користите телефото или макро објектив, можете детално да го прилагодувате обликувањето на кадарот и фокусирањето, стабилно и без напор..
AF со следење и заклучување: Лесно е да ги задржите подвижните објекти во фокусот со подобрениот AF со заклучување, кој анализира уште повеќе информации од сцената за да се искористи оптималната точка на AF за јасно и стабилно автоматско фокусирање. Неговата способност да ги открива и да ги следи подвижните објекти сега е значително подобрена, благодарение на напредната технологија за анализа на слики на Sony..
Технологија за детална репродукција и технологија за намалување на прекршувањата: Технологијата за детална репродукција ги доловува деталите пореалистично и со поприродно чувство за димензија, а технологијата за намалување на прекршувањата ги елиминира ефектите на прекршување за верно да ги репродуцира најситните детали дури и кога фотографирате со мали отвори на блендата..
Намалување на шумот во одредени површини: Намалување на шумот во одредени површини селективно ја дели сликата во области, врз основа на шаблони (како што се рабови, текстури и еднобојни површини како што е синото небо), а потоа применува најсоодветно намалување на шумот за секоја површина со цел значително да се намали шумот и да се добие ново ниво на јасност..
Профил на слики: Прилагодете го изгледот на видеоснимките пред снимањето со прилагодување на градацијата, прилагодување на боите и деталите. Прилагодените параметри можете да ги зачувате со другите поставувања како профил, а можете да складирате најмногу 7 профили за понатамошно користење..
Поставување на S-Log2 гама: Технологијата за прилагодување на гама од Sony, вградена во професионални видео камери, создава 1.300% поширок динамички опсег за да овозможи рамномерно прикажување на градација со помало избледување и затемнување на боите. Применувајќи градација на боите по снимањето, можете максимално да ги искористите придобивките од сликите со мал шум и богатите детали за да добиете различни начини за прикажување на сликите..
Временски код / кориснички податоци: Оваа функција нуди опција “Record Run” која го ажурира временскиот код само при снимањето и опција “Free Run” која го ажурира временскиот код независно дали снимате или не - метод за испуштање кадри и метод за снимање на сите кадри. α7 II може да прикажува и временски код врз сликата кога се користи поставувањето за чист HDMI излез..
HDMI излез за јасна слика: HDMI приклучокот го олеснува преносот на сигналот од Full HD видеоснимките во реално време на надворешен монитор за прецизно гледање и слушање на голем екран. Оваа функција поддржува снимање некомпресирани видеоснимки на надворешна опрема за снимање и ви овозможува да репродуцирате некомпресирани видеоснимки со исклучена функција за приказ на информации при снимањето..
Внимателно изработени контроли: Контролите се подобрени за интуитивно ракување и директно прилагодување на параметрите при гледање сцени преку визирот. Предните и задните вртливи копчиња се целосно преработени и поставени за полесно и поефикасно вртење, земајќи го предвид севкупното ракување. Ова ниво на префинетост го надминува дури и нивото на другите модели од серијата α7..
Лесно прилагодување на копчињата: Прилагодувањето на копчињата ви овозможува да снимате како што ќе посакате, со доделување на најчесто користени функции по ваш избор на прилагодливите копчиња. Лесно можете да доделите некоја од 56-те функции на кое било од 10-те копчиња за да уживате во побрзо, поинтуитивно ракување и максимална практичност..
Практичен LCD екран со можност за завртување: LCD екранот се завртува нагоре прибл. 107 степени и надолу прибл. 41 степен за опфаќање широк опсег на агли за фотографирање. Оваа флексибилност, заедно со компактната преносливост, значително ги зголемува вашите можности за фотографирање. Гледањето под директна сончева светлина е јасно благодарение на технологијата WhiteMagic™ која речиси двапати ја зголемува светлината на екранот..
Систем и слој за заштита од прав: За да ги заштитите вашите фотографии од дамки, специјалниот анти-статички слој на површината на оптичкиот филтер го спречува наталожувањето на суви или влажни честички од прав кога менувате објективи. Механизмот за заштита од прав вибрира со голема брзина кога ќе изберете режим за чистење и ги отстранува честичките кои се прилепиле за филтерот..
Поврзувајте се со паметни телефони и таблет-уреди со еден допир!: Префрлувајте слики или MP4 видеоснимки за секунда во вашиот паметен телефон или таблет-уред со Android, со само еден допир на α7 II — благодарение на вградениот Wi-Fi® и NFC™ (поле за комуникации во близина). Допрете го вашиот мобилен уред наспроти фотоапаратот за да го активирате паметниот далечински управувач, кој ви дозволува да го контролирате активирањето на блендата на фотоапаратот преку вашиот паметен телефон или таблет-уред..
PlayMemories Camera Apps™ www.sony.net/pmca: Новата возбудлива услуга за преземање апликации, PlayMemories Camera Apps, ви нуди нови функции со кои можете да ги надополните постоечките функции на вашиот фотоапарат за да го прилагодите креативното изразување со фотографии според вашите креативни потреби..
NR за повеќе слики (намалување на шум): Овој режим составува четири снимки за значително намалување на шумот и зголемување на чувствителноста, овозможувајќи ви јасно да ги снимите темните сцени без статив или блиц. Исто така, заматувањето поради тресење на фотоапаратот се намалува, а контрастот и деталите се зголемуваат..
Sony α ILCE-7M2K, 24,3 MP, 6000 x 4000 пиксели, CMOS, Целосно HD, 556 g, Црн
Sony α ILCE-7M2K. Тип на камера: MILC, Мегапиксели: 24,3 MP, Тип сензор: CMOS, Максимална резолуција на слика: 6000 x 4000 пиксели. Опсег на фокусна должина: 24 - 70 mm. Најголема брзина на блендата од камерата: 1/8000 s. Wi-Fi. Тип HD: Целосно HD, Максимална видео резолуција: 1920 x 1080 пиксели. Дијагонала на екран: 7,62 cm (3"). Тип на визир: Електронски. Тежина: 556 g. Боја на производот: Црн