- - Намена: Дигитални/филмски камери
- - 3 ногарка(и)
- - Висина ( максимум): 170 cm
- - Црн
Статив од карбонски влакна со напредно далечинско контролирање, приклучок за брзо прикачување и кабел со повеќе USB приклучоци
Стабилно снимање со прецизна контрола
Доближете се поблиску со зумирање: Приближете се до вашиот објект со помош на копчето за зумирање на далечинскиот управувач или користете го преклопникот за бавно зумирање за да можете прецизно да се доближите.
Обликувајте снимки со линиите во вид на решетка: Проверете го вертикалното и хоризонталното порамнување со копчето за линии во вид на решетка на далечинскиот управувач, кој прикажува 4 бели линии кои ќе ви помогнат да ја порамните сликата.
Ефекти на линиски траги при снимање со светлина: Копчето за фотографии ја намалува брзината на блендата, така што облаците во движење или возовите кои минуваат покрај вас ќе изгледаат како линиски траги, додека неподвижните предмети ќе бидат остри.
Бидете флексибилни со отстранливиот далечински управувач: Само прикачете го далечински управувач на стативот и контролирајте го снимањето од далечина, направете снимки одблиску без да ги исплашите дивите животни.
Брзо и едноставно монтирање со приклучок за брзо прикачување: Секогаш доловувајте ги моментите совршено - прикачете ја Handycam® камерата набрзина за да добиете стабилни снимки, а потоа брзо и лесно откачете ја кога ќе завршите.
Прикачете различни фото апарати со кабелот со приклучок: Поврзете го фото апаратот или видео камерата која најмногу одговара за снимката со помош на повеќенаменскиот приклучок (ве молиме проверете го делот за компатибилност).
Прецизни снимки од висока и ниска перспектива со помош на лифт: Стативот се издолжува до 1.700мм и се спушта до 300мм, а ногарките се рашируваат за да ги добиете ниските агли кои се потребни за макро фотографирање.
Рамномерно поместување и закосување на главата на стативот: Лево, десно, нагоре или надолу - главата на стативот која се подмачкува со масло ви овозможува да го следите вашиот објект со рамномерни движења.
Правилно снимање со израмнувач: Кога меурчето во израмнувачот целосно ќе влезе во црвениот круг, платформата на стативот е совршено хоризонтално поставена.
Спакувајте и носете го насекаде: Стативот е тенок и компактен, вметнете го во испорачаната торба и носете го за да снимате без потешкотии.
Цврст и лесен благодарение на дизајнот со карбонски влакна: Овој статив е доволно цврст и лесен за да го носите насекаде со вас, само префрлете го преку рамо и тргнете.
Ногарки кои цврсто се поставуваат на тлото: Ногарките на стативот имаат шилци за поголема стабилност при снимање на отворен простор, така што можете да го поставите во места со многу дрвја и да снимате диви животни.
Sony VCT-VPR10, 3 ногарка(и), Црн, 170 cm
Sony VCT-VPR10. Број на ногалки: 3 ногарка(и). Висина ( максимум): 170 cm, Висина (мин.): 30 cm. Боја на производот: Црн